Blog

01.12.2023
 

Scan & Go

01.12.2023

Користете го Scan & Go за вашиот бизнис

Дали сакате да го унапредите вашиот бизнис и да им овозможите револуционерно шопинг искуство на вашите клиенти? Во тој случај, користете го Scan & Go за вашиот бизнис. Оваа иновативна карактеристика ги комбинира потребите на вашите клиенти со придобивките за вашиот бизнис, одржливо ја зголемува вашата продажба и ви заштедува време.  myWorld Partnership ви нуди најнова технологија и поголема флексибилност за вашите клиенти.

Привлечете внимание

Преку myWorld Partnership, Scan & Go  е достапна бесплатно. За да ги информирате вашите клиенти за оваа услуга, вашата компанија ќе биде означена на веб-страницата на myWorld и на апликација со соодветната икона и известување ''Scan & Go''. Ова не само што ја зголемува свеста за вашиот бизнис, туку и ги убедува вашите клиенти да ја користат оваа услуга и да купуваат со вас.

Win-Win за вас и вашите клиенти

Со Scan & Go , вашите клиенти едноставно можат да ја скенираат сметката по пазарувањето преку myWorld App и на тој начин лесно да собираат Cashback и Shopping Points. Како myWorld Partner, ова ви заштедува време и ресурси. Веќе не мора рачно да ја евидентирате продажбата во вашиот Partner App. Ова подобрено искуство за пазарување води до поголема лојалност на клиентите и, на крајот, поголема продажба. Алатката одлично ве поддржува во вашето бурно секојдневие и ви носи многубројни предности:

  • поголема продажба преку задоволни, независни клиенти
  • повеќе клиенти и поголема продажба
  • помалку работа за вас и вашите вработени
  • подобрено шопинг искуство за вашите клиенти
  • автоматско одобрување со индивидуален максимален износ

Иднината на купувањето е толку едноставна:


Скенирање
Откако клиентот ќе пазари од вас, тој може брзо и лесно да ја скенира сметката преку myWorld App


Автоматско одобрување
Доколку во барањето се исполнети сите наведени критериуми, истото автоматски ќе биде одобрено и пазарувањето ќе биде додадено во листата на скенирани сметки


Пазарување. Benefits
Вашиот клиент ќе биде исплатен со Cashback и Shopping Points штом ќе се подмири фактурата за посредничка провизија.


Мануелно одобрување
Доколку критериумите за автоматско одобрување не се исполнети, барањето ќе се појавува во вашиот Partner App и истото се одобрува мануелно во рок од 10 дена.


Одобрување и наградување
Доколку, во рок од 10 дена не ја одобрите мануелно фактурата, таа автоматски ќе биде одобрена, а вашиот клиент ќе добие Cashback и Shopping Points.

Безбедно, брзо и едноставно

Ви ја олеснуваме обработката на продажбите евидентирани од клиенти преку едноставни правила: Автоматски ги одобруваме продажбите што се евидентирани во рок од 30 минути од купувањето и во близина на вашата локација. Доколку се надмине временската рамка или растојанието, или ако клиентот направи промени на датумот, времето, износот или бројот на сметката, потребно е мануелно одобрување. Во овој случај, треба да ја одобрите резервираната продажба во вашиот Partner App. Со нашите добро осмислени правила, ние комбинираме автоматизација и безбедност за брз и лесен процес на одобрување.

Имате контрола

Во Partner App, можете да го поставите вашиот индивидуален максимален износ. Ова значи дека сите продажби приложени од вашите клиенти преку Scan & Go кои се под оваа граница ќе бидат автоматски одобрени - без да е потребно ваше лично одобрение. Со поставување на индивидуалниот максимален износ, дозволувате исплатата да се изврши автоматски преку myWorld Benefit Program, со цел вашите купавачи да добијат брзо и лесно Cashback и Shopping Points. Можете да го промените максималниот износ во секое време без да имате влијание на веќе одобрените продажби. Искористете ги придобивките од флексибилна и едноставна контрола на продажбата.

Одобрете и започнете сега

Scan & Go не само што ја подобрува профитабилноста на вашата myWorld Partnership, туку и ја поедноставува. Во вашиот Partner App, на прв поглед можете да видите дали Scan & Go продажбите се веќе евидентирани и одобрете ги брзо и лесно. Искористете ги сите придобивки од Scan & Go и управувајте со вашите приходи без напор.

До прегледот